Проверете си го пасошот: Казна од 500 евра и забрана за излез

 Breaking News

Проверете си го пасошот: Казна од 500 евра и забрана за излез

Проверете си го пасошот: Казна од 500 евра и забрана за излез
November 20
23:44 2017

Иако стапи во сила во 2007 година, дури од пред три години Министерството за внатрешни почна да дели прекршочни пријави за несменето презиме во патна исправа. Моминското презиме на невестите во пасошот ги чини од 100 до 500 евра.

Според информациите на МВР, досега постојано се изрекуваат прекршочни мерки токму поради оваа причина. Нема ниту една казна од 500 евра, казните најмногу изнесуваат 100 евра. Инспекторите најчесто делат опомени за тие што не ја напуштиле земјата или пасошoт го искористиле само за медениот месец. Граѓаните се соочуваат со казни и кога ќе стигнат на шалтер на одделението за патни исправи.

Оттаму се повикани на разговор со инспектор. Доколку пасошот е искористен, од страна на МВР следува глоба. Ако не се плати во рок од осум дена, прекршочната пријава се испраќа до судија за прекршоци.

Во Законот за патни исправи е предвиден рок од 30 дена за промена на патните исправи доколку има промена на лични податоци.

Related Articles

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment