Проверете го вашиот неделен Хороскоп од 11 до 17 септември

 Breaking News

Проверете го вашиот неделен Хороскоп од 11 до 17 септември

Проверете го вашиот неделен Хороскоп од 11 до 17 септември
September 11
19:42 2017

Овен Mожеби оваа недела нема да ви биде добра како што ви беше претходната, но потрудете се да го извлечете најдоброто од неа. Малку рекреација и вежбање не е на одмет. Кога ќе имате слободно време, направете вкусна вечера и повикајте ги пријателите. Среќен ден: Среда

Бик Оваа недела е дефинитивно ваша недела. Искористете ја за да ги правите кои ги сакате и кои ве прават среќни. Доколку имате партнер, а сѐ уште не сте во врска, можеби оваа недела ќе одлучите го промените тоа и да го зацврсите вашиот однос. Здравјето во овој момент е добро, но не прескокнувајте ги рутинските прегледи. Среќен ден: Понеделник

Близнаци Заборавете на тврдоглавоста неделава, бидејќи таа само ви носи негативна енергија и лошо расположение. Наместо тоа, правете компромиси и забавувајте се. Вашиот среќен ден оваа недела е сабота, па очекувајте тогаш да се случи некој пресврт во вашиот љубовен живот. Среќен ден: Сабота

Рак Креативноста и иновативноста искористете ја за нешто ново. Покажете го талентот за пишување и можеби тоа е она што ќе ве исполни. Никогаш не е доцна за нова професија. Проблемите кои ги имате на работа, оставете ги на работа, во никој случај не носете ги дома, бидејќи така не само вие, туку и сите околу вас ќе бидат нервозни. Среќен ден: Четврток

Лав Поради финансиските проблеми на почетокот на оваа недела ќе се чувствувате депресивно, но затоа тука се вашите пријатели кои ќе се потрудат да ве расположат. Правете работи кои ви причинуваат задоволство, на пример отидете со партнерот во кино, малку промена добро ќе ви дојде и на двајцата. Среќен ден: Недела

Девица Оваа недела испланирајте некое кратко патување ос партнерот, кое дополнително ќе ви ја зацврсти вашата врска. Доколку не сте во врска на патувањето можете да отидете со пријатели и нема да зажалите. Во некои делови од неделата ќе се чувствувате како да сте осамени и тажни, но до крајот на неделата сѐ ќе биде во ред. Среќен ден: Вторник

Вага Обидете се повторно да се зближите со партнерот и зачинете ја врската. Тоа со сигурност ќе ви донесе добро расположение, како на вас така и на вашиот партнер. Можни се мали проблеми на работа со вашите колеги, но до крајот на оваа недела сѐ ќе се реши. Вежбјте повеќе. Среќен ден: Петок

Шкорпија Поради обврските кои ќе ги имате неделава, можеби ќе немате толку слободно време за пријателите, нo треба да се потрудите секогаш да имате барем малку време за нив. Не постои нешто што релаксира повеќе од добар разговор со блиски пријатели. За време на викендот, очекувајте пријатно изненадување. Среќен ден: Понеделник

Стрелец Ведрината повторно ќе може да се види на вашето лице оваа недела. Тоа ќе се должи на неколку пријатни моменти кои ќе ви се случат. Ве очекува малку понапорна недела на професионално поле, но со добра желба, можете сѐ да постигнете. Четврток е вашиот среќен ден оваа недела. Среќен ден: Четврток

Јарец Време е да престанете да верувате во соништа и да почнете да гледате реално на ситуацијата. Затоа, фатете се за работа и делувајте. Можна е мала расправија со партнерот, но со разговор сѐ може да се реши. Во втората половина на неделата, внимавајте малку повеќе на здравјето. Среќен ден: Среда

Водолија Ќе имате мал проблем со финансиите, но до крајот на неделата ќе го средите. Наместо да изглеувате и за шетате, останете во својот дом и уживајте во добар филм. Слободното време искористете го за некој што стварно заслужува. Одбегнуваје ги луѓето што ви створаат негативна енергија. Можни се болки во колената. Среќен ден: Понеделник

Риби Неделата започнете ја дружејќи се со пријателите и разговарајќи за убавите моменти што сте ги имале во минатото. Во секоја работа што ќе ја започнете бидете горди на себе и завршувајте ја до крај, само така ќе можете да имате успех. Партнерот ќе се чувствува запоставено, затоа обрнете му малку повеќе внимание. Среќен ден: Недела

 

 

 

Related Articles