Протест пред основниот суд Скопје – Полицијата не им дозволува пристап на новинарските екипи до судот (фото)

 Breaking News

Протест пред основниот суд Скопје – Полицијата не им дозволува пристап на новинарските екипи до судот (фото)

Протест пред основниот суд Скопје – Полицијата не им дозволува пристап на новинарските екипи до судот (фото)
November 28
09:37 2017

ВМРО-ДПМНЕ ги повика сите членови и симпатизери на партијата да излезат на протест пред Основниот суд Скопје денеска во 13.30 часот

ВМРО-ДПМНЕ денеска е на удар на антидржавната хунта на Зоран Заев.

Полицијата упадна во домовите на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, членови на Извршниот комитет, поранешни функционери на партијата и други јавни личности. 

Полицијата по наредба на Зоран Заев не го почитуваше пратеничкиот имунитет, туку единствено политичките наредби за пресметка со неистомислениците.

Денешниот упад и приведувањето на функционери на ВМРО-ДПМНЕ се обид да биде замолкната опозицијата и да се скрши отпорот на партијата против сите антидржавни политики што владата ги реализира периодов.

Во момент кога владата разгледува предлог закон за ослободување на криминалците од затвор, кога се најавува ослободување на убијците од Смилковско езеро и кога убијци се шетаат слободни по улиците, Зоран Заев нарачува политички прогон врз ВМРО-ДПМНЕ заради наводно терористичко загрозување на уставниот поредок.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите членови и симпатизери на партијата и сите граѓани кои не се согласуваат со антидржаната политика на владеачката хунта да излезат на протест пред основниот суд Скопје во 13:30 часот.

Полицијата не им дозволува пристап на медиумите до кривичниот суд каде што моментно се наоѓа поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност и поранешен министер за внатрешни работи, Митко Чавков.

Како што јавува репортерот на МакФакс, на новинарите и снимателите не им е дозволено да се приближат до влезот на судот. Не им е дозволено да се приближат ниту до задниот влез од каде што се внесуваат и изнесуваат приведените.

Полицијата утринава го приведе Чавков и уште петнаесетмина за настаните во Собранието на 27 април.

Покрај ексдиректорот на БЈБ, приведени се и актерот Владо Јовановски, пратеничката Жалина Пешевска, пратеникот Крсто Муковски, Горан Ангелов-Ќосето од Велес, поранешниот директор на ФЗОМ Саше Стефановски, пратеникот Љубен Арнаудов и други.

Тие се обвинети за терористичко здружување за уништување на уставниот поредок, за што е предвидена минимална казна затвор од 10 години.

Related Articles