Пријавате се за работа во МЕПСО, плата до 600 евра, директорот бара луѓе без работно искуство

 Breaking News

Пријавате се за работа во МЕПСО, плата до 600 евра, директорот бара луѓе без работно искуство

Пријавате се за работа во МЕПСО, плата до 600 евра, директорот бара луѓе без работно искуство
January 22
19:54 2018

Македонскиот електропреносен систем оператор (МЕПСО), кој што е во целосна државна сопственост објави оглас за вработување на 9 лица. МЕПСО вработува инженери и советници, како и еден копирант во архива, за кого платата изнесува 25 илјади денари.

За работната позиција копирант во архива во служба за општи работи се бара лице со средна стручна подготовка и без претходно работно искуство, а нето платата изнесува 24.900 денари.

Без работно искуство во МЕПСО ќе може да се вработи и координатор на кабинетот на директор на Сектор за ИТТК, но со Висока стручна подготовка, за плата од 35.100 денари. Без искуство и со Висока стручна подготовка може да се вработи и еден самостоен инженер за анализа на мрежа во служба за оперативно планирање, кои ќе работи за плата од 38.500 денари

Огласот е потпишан од генералниот директор Сашо Василевски и трае пет дена.

Ваквите огласи најчесто се однапред договорени и дизајнирани според соодветните квалификации на кандидати. Слична пракса имаше и ВМРО-ДПМНЕ, што СДСМ често ја критикуваше. Сите заинтересирани да аплицираат ТУКА.

Related Articles