Пресврт во Владата: Села останува без Министерството за здравство

 Breaking News

Пресврт во Владата: Села останува без Министерството за здравство

Пресврт во Владата: Села останува без Министерството за здравство
November 15
13:20 2017

Aлијансата за Албанците го губи ресорот здравство и наместо нов министер партијата на Зијадин Села ќе треба да преговара за нов ресор на Илинденска, јавува порталот Post.mk повикувајќи се на високи извори во СДСМ.

Засега нема детали за тоа што го  предизвика пресвртот во преговорите меѓу владините партнери, бидејќи за неполни 24 часа од информацијата дека премиерот Зоран Заев чека официјален предлог од Села за ресорот здравство, последниот брифинг е дека Алијансата го губи здравство и ќе се оди на реконструкција на Владата.

Партиски извори за Post брифираат дека столчето на доскорешниот министер Арбен Таравари го пикира СДСМ, но нема информации која е понудата до Села и дали лидерот на Алијансата ќе прифати промена на ресор.

Висок функционер од Алијансата вели дека засега нема информација дека ќе има реконструкција на Владата и дека го губат министерството за здравство.

Related Articles

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment