Пред Илинден, 300 специјалци од Бугарија пристигнаа во Македонија, уште колку агенти се распределени во Македонија?

 Breaking News

Пред Илинден, 300 специјалци од Бугарија пристигнаа во Македонија, уште колку агенти се распределени во Македонија?

Пред Илинден, 300 специјалци од Бугарија пристигнаа во Македонија, уште колку агенти се распределени во Македонија?
July 28
18:30 2017

Пред големиот македонски национален празник „Илинден“ јавно 300 војници под знамето на САД од Бугарија преку граничниот премин „Деве Баир“ влегоа во Македонија. Сеуште не се знае уште колку агенти на тајна задача ќе присуствуваат на обезбедување на теренот до „Мечкин Камен“ по повод празникот. Најавени се високи делегации како и обезбедување од над 2.000 полицајци во униформа. Градот Крушево ќе биде надлетуван со хеликоптери и ќе е забранет било каков друг воздушен сообраќај на небото над Крушево.

По социјалните мрежи реагираа луѓе зошто деца ги пречекуваат војниците и се сликаат со нив, како и се запознаваат со оружје од мала годишна возраст, но засега никој не реагира на тоа.

Амбасадорот на САД Џес Бејли, на пречекот на учесниците на воената вежба Драгон Гардијан 17 во Куманово уште еднаш ја повтори подршката на САД за влез на Македонија во НАТО, преку реформите во државата и учеството во меѓународните воени вежби.

„Зедничките вежби ја доближуваат Македонија кон НАТО. Важно е да се напомене дека членството во НАТО не е нешто за што само се зборува. Преку билатерални обуки и вежби и преку настани и операции поддржани од НАТО, ние ѝ помагаме на Македонија да се подготви за полноправно членство во НАТО“, рече Бејли.

Тој потсети дека следната недела, заменикот претседател Пенс ќе патува во Црна Гора за да се сретне со лидерите на Самитот на Јадранската повелба, а минатиот месец во Вашингтон тој рекол дека политиката на НАТО за отворена врата мора секогаш да остане таква за сите земји што ги споделуваат нивните вредности, што сакаат да придонесуваат во најуспешната алијанса во историјата и што бараат посветла иднина на безбедност и просперитет на нашите земји и за светот.

„САД работат да ја видат Македонија како станува дел од НАТО, било да е преку поддршка на реформите за зајакнување на демократијата, или преку вежби како што е Драгон Гардијан“, рече Бејли.

Војниците од Македонија се борат рамо до рамо со Американците во Авганистан и Ирак уште од 2002.

„Знам дека Армијата на САД има голема почит за своите колеги од Македонија. Нивната храброст и посветеност ја видовме во 2011, кога им се придружија на силите на САД во одбраната на Амбасадата на САД во Кабул. Заедничките вежби исто така ги зближуваат и нашите две земји“, додаде амбасадорот.

Оваа година скоро 600 војници од Македонија ќе учествуваат на мултинационални вежби спонзорирани од САД.

На меѓународната вежба на Криволак во наредните 10 дена македонските и американски војници ќе работат за подобрување на нивната подготвеност на инжинериски и медицински задачи за да се справат со сите предизвици што можат да се појават. На вежбата ќе учествуваат 300 припадници на вооружените сили на САД, 120 инжинериски возила и опрема и 95 војници на АРМ, како активни учесници или поддршка. Бејли рече дека ја започнуваат вежбата во Куманово, град што историски претставува раскрсница помеѓу Македонија и нејзините соседи, поврзувајќи ги трговските и транспортни патишта од исток на запад и север и југ.

На почнувањето на вежбата во Куманово, зборуваше и министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, која рече дека оваа вежба ќе биде „одлична можност за зајакнување на подготвеноста на нашите единици и ќе придинесе за подобрување на интероперабилноста и ќе ја приближи АРМ кон високите критериуми на нашите партнери од САД“.

Граѓаните на Куманово денеска можеа да видат дел од опремата и возилата со кое раполага американската војска и АРМ, да поразговараат со војниците и да се сликаат покрај воените возила.

Related Articles