Пред една година работела како чистачка, а сега „крева прашина” каде и да се појави (фото)

 Breaking News

Пред една година работела како чистачка, а сега „крева прашина” каде и да се појави (фото)

Пред една година работела како чистачка, а сега „крева прашина” каде и да се појави (фото)
February 17
23:28 2018

Плус сајз моделот Табриа Мејџорс неодамна изјави дека во ова време минатата година работела како чистачка, а сега има успешна кариера во светот на манекенството и гордо чекори на црвениот тепих.

Каде и да се појави, буквално крева прашина.

Деновиве магазинот за костими за капење “Спортс Илустрејтед” организираше забава, каде присуствуваа голем број на славни лица како и манекенките кои постојано ги красат насловните страни на магазинот.

На забавата присуствуваше и Табриа Мејџорс.

Таа остави најголем впечаток на црвениот тепих, поради нејзиниот стајлинг, а во прилог ќе погледнете и зошто. Фото:

Таа носеше прилично провокативен фустан, каде долната облека ѝ се прозираше.

Во црвен чипкаст фустан, со длабоко деколте кое одлично ги истакна нејзините гради и долниот дел од фустанот кој беше уште повеќе провокативен.

Табриа гордо позираше пред фоторепортерите, а кога позираше со нејзиниот грб, мажите дефинитивно не останаа рамнодушни на глетката.

Црвен фустан и црвена долна облека сосема ја “запалија” атмосферата.

Сите дами кои присуствуваа на настанот беа атрактивни, но стајлингот на Табриа украде најмногу погледи.

Related Articles