„Пратениците се збуниле па по грешка не гласале“ е новиот македонски феномен

 Breaking News

„Пратениците се збуниле па по грешка не гласале“ е новиот македонски феномен

„Пратениците се збуниле па по грешка не гласале“ е новиот македонски феномен
November 07
17:44 2017

Се збуниле и не гласале, па не помина предлогот на Народниот правобранител за мерките за подобрување на состојбата на човековите права и слободи.
Коодринаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев денеска рече дека биле збунети па не гласале иако во Собранието имало кворум

„Тоа беше техничка грешка. Имаше доволен број пратеници за гласање, но пратениците од мнозинството, дали беа деконцентирани или збунети од точките, не гласаа.

Инаку имаше доволно пратениците да бидат изгласани препораките на Омбудсманот“, изјави Тунтев по денешната прес-конференција на Народниот правобранител Иџет Мемети, кој ги обвини пратениците за дрско кршење на Законот за народен правобранител.

Тој рече дека пратеничките групи имале координација и се договориле, повторно да гласаат.

На вчерашната седница, 37 пратеници гласаа „за”, петмина беа „против” и еден беше воздржан.

Ова само покажува дека македонските пратеници изгледа станаа само обични „притискачи на копчиња“.

На крај, па можеме и да бидеме среќни. Замислете пратенициве да беа доктори па да се збунеа… тогаш ќе имаше жртви. Погледнете го видеото од Прес24:

 

Related Articles

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment