Поранешниот директор на Драмски, Вељановски до притворениот Владо Јовановски: „Брату, овој пат ти ја плаќаш сметката“!

 Breaking News

February 12
19:03 2018

Не престанува поддршката на колегите, блиските и македонската јавност воопшто- на социјалните мрежи, за притворениот актер, обвинет за тероризам – Владо Јовановски.

Една од поемотивните, е на поранешниот директор на Драмскиот театар, Роберт Вељановски:

Уметникот секогаш бил пред времето во кое што живее. Ликовите, репликите, филмовите, сликите, ариите, скулптурите се неговата чест и неговата прокоба!

Вчера, на затворена проекција (прва монтажа), го гледав последниот снимен филм на Владо. Една од круцијалните реплики на ликот кој го игра Владо гласи:

“НЕКОЈ МОРА ДА ЈА ПЛАТИ СМЕТКАТА!!!”

Е па брату, овојпат ТИ ја плаќаш сметката! ВИЕ ја плаќате сметката!!! Ти, Борис, Игор, Богдан, ……..! Ни криви, ни должни, плаќате!“

Слобода за Владо Јовановски!

Слобода за Игор Дурловски!

Слобода за Богдан Илиевски!

Слобода за Борис Дамовски!

Гласи фејсбук статусот на Роберт Вељановски.

Related Articles