„Поништен гласот на пратениците кои гласаа за двојазична Македонија! Иванов пресече-не потпишува!”

 Breaking News

„Поништен гласот на пратениците кои гласаа за двојазична Македонија! Иванов пресече-не потпишува!”

„Поништен гласот на пратениците кои гласаа за двојазична Македонија! Иванов пресече-не потпишува!”
January 17
16:48 2018

Претседателот Иванов предмалку соопшти дека нема да го потпише Указот за Законот за примена за јазиците.

Тој ги повика пратениците да ги разгледаат неговите забелешки и да постапат внимателно по овој Закон.

Со ова Претседателот на државата го искористи своето Уставно право и стави суспензивно вето на овој Закон

Својот потег шефот на државата го навести во годишното обраќање до пратениците, а оттогаш голем дел од јавноста, стручна и обична се изјасни против спорниот закон и дури побараа вето. Како и да е, тоа само ќе значи кратко одложување на неговата имплементација. Доколку го врати во Собранието Иванов ќе мора да образложи со кои одредби од текстот на Законот не се согласува. Истите забелешки мора да ги достави кај пратениците, а тие имаат рок од 30 дена да постапат. Одлука на пратениците е дали ќе ги прифатат или не забелешките на претседателот.

Од таму Законот може да биде изгласан по втор пат во истата форма. По второто гласање, Иванов, според Уставот, мора да го потпише указот и нема повторно право на вето. Потоа следува објавувањето во „Службен весник“ со што Законот стапува на сила.

Откако поранешниот координатор на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски најави иницијатива за проверка на уставноста, лидерот на ДУИ Али Ахмети апелира Иванов да го аминува законот.

„Со тоа тој и лично ќе си го поправи авторитетот кај Албанците во Македонија и пред меѓународната заедница. Би требало тој да го стави потписот на указот за законот, но ако тоа не се случи, има процедура законот во вториот обид да стапи на сила и без неговиот потпис“, вели Ахмети. Предвоникот на партијата која и по промената на власта остана на власт вели дека нема никакви основи законот да биде оспорен затоа што го работеле експерти и строго внимавале да не се направи пропуст за да истиот падне на Уставниот суд.

Во меѓувреме, на социјалните мрежи и преку медиумите дел од стручната јавност води остра дебата. Главниот збор засега го имаат дамите, иако се чини дека и професорките никако не можат да најдат заеднички јазик, буквално.

„Јас повторно ќе прашам како ќе се примени Законот за јазиците без попис? На жими мајка? Како да знам дека етничките Албанци во Македонија се 20% од населението кога не знам колку население има во Македонија? За правото се работи и тврдам дека само ригидна примена на правото може да ги заштити правата на луѓето а не политички памфлети кои имаат наслов закон. Престанете да браните неправо во име на правата. Законот е глуп“, напиша професорката Мирјана Најчевска.

Во духот на добрососедството пак, на исток почна одбројување. Бугарската агенција „Newsfront“ објави текст за усвојувањето на новиот Закон за јазици со наслов „Македонија се движи кон крајот, го призна аланскиот за втор официјален јазик“.

Related Articles