Полусестрата на идната војводка го нападна принцот Хари – Од овој коментар се запали цела јавност!
Меган Маркл највеселиот празник го помина во куќата на идниот сопруг, принцот Хари, заедно со останатите членови на кралското семејство. Хари изјави дека тие поминале одлични моменти со неговиот брат, снаата и нивните деца, па Меган брзо се вклопила во таа атмосфера.
Имало многу семејни обичаи кои принцот морал да и ги објасни на идната сопруга, но не морал да се грижи за тоа, затоа што уживал во секој момент. Таа одлично се прилагодила.
„Нашето семејство има голем број членови. Таа одлично се прилагоди, се помина во најдобар ред. Мислам дека вакво семејство всушност е семејство какво што таа немала никогаш.“, изјави Хари.
Овој коментар ја погоди нејзината полусестра Саманта. Што го слушнала ова, таа веднаш решила да открие детали кои многумина не ги знаеле луѓето.
„Знаете, таа е исто така од големо семејство. Секогаш сме биле покрај неа. Кога тато и Дори се разведоа, направивме таква ситуација, па Меган имаше две куќи. Сестра, брат, тетка, тетин, останати роднини и секако нешто што не соединува нас сите, нашиот татко, човек кој е подготвен за нас да направи се.“, изјави Саманта.
Од друга страна, на јавноста и е познато дека Меган како мала била изложена на голема доза расизам од страна на некои свои постари роднини. Со полусестрата Саманта, која е 17 години постара од неа, немале „најчист“ однос. Таа била една од „најгласните“ кога се слушна информацијата за кралската веридба. Таа кажа дека Меган била ладна и ја обвини дека заборавила кога станала позната во Холивуд.