По свадба тапани: Невидливото малцинство во Грција

 Breaking News

По свадба тапани: Невидливото малцинство во Грција

По свадба тапани: Невидливото малцинство во Грција
February 24
11:05 2019

Сторија на BBC чиј главен лик е еден стар Македонец од Грција. На дедото веројатно не му треба ни орден ни медал иако ги заслужува сите можни почести. Затоа што има 92 години а памти сè; затоа што колку што добро знае грчки, уште подобро знае кој е и што е.

Пензионираниот адвокат, кој во репортажата на Би Би Си се нарекува господинот Фокас, беспрекорно зборува грчки литературен јазик со препознатлив акцент: негов мајчин јазик е македонскиот.

Фокас уште на почетокот сакал на новинарот да му истакне дека е етнички Македонец но и грчки патриот. Има добри причини да потсетува на својата лојалност кон државата бидејќи цел еден век, етничките Македонци во Грција се предмет на сомневања, своевремено и прогони, па и самото нивно постоење се негира речиси од секого.

Повеќето од нив не сакаат на странци да им зборуваат за својот идентитет. Нарекувани како „локалци“ а нивниот јазик како „локален“, нив ги нема во учебниците а извадени се и од пописите уште до 1951 година кога накарадно беа спомнати како „славофони“. Мнозинството Грци не ни знаат дека тие постојат. Целата сторија прочитајте ја ТУКА.

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles