Пилоти заслепени од ласер при слетување во Рамштајн

 Breaking News

Пилоти заслепени од ласер при слетување во Рамштајн

Пилоти заслепени од ласер при слетување во Рамштајн
July 15
16:45 2016

Пилоти на авион Ер Форс Ц -17 кои што слетувале на авиобазата Рамштајн на Северноатланската алијанса биле денеска заслепени од ласер кој кон нив бил насочен од земја, информира германската полиција.

Во полициската информација се вели дека патрола на локалната полиција го пребарала местото од каде што бил упатен ласерскиот зрак но не пронашла осомничени, јави дописникот на МИА од Берлин.

Според изјавата на Германската агенција за безбедност на летањето ласерските зраци не предизвикале опасност за пилотите и авионот бил приземјен безбедно, а командата на американската 86 воздухополовна единица го потврди инцидентот без да даде дополнителни детали.

Според авијациските експерти и пилотски асоцијации светлото од високо енергетски ласерски зраци насочени кој патнички и воени авиони е се поголем проблем на авијацијата. Ласерски зрак насочен директно кон пилотитие може да дезориентира или провремено да заслепи пилоти кога зракот се одбива од предното ветробранско стакло на авионите. Во ретки случаи зраците можат да предизвикаат и перманенти повреди и изгореници на ретината на окото.

Во март оваа година пилотите на американски авион Ф – 15 биле дезориентирани од силен ласерски зрак за време на слетување во Велика Британија, наведува специјализираната интернет-страницаза воени прашања „Страјп“.

Related Articles