Пет фотографии од „Гугл Мапс“ кои никој не може да ги објасни!(Видео)

 Breaking News

Пет фотографии од „Гугл Мапс“ кои никој не може да ги објасни!(Видео)

Пет фотографии од „Гугл Мапс“ кои никој не може да ги објасни!(Видео)
January 28
10:28 2018

Вонземјани, ангели, демони го „БигФут“ се некои од теориите кои може да се забележат на камерите на „Гугл мапс“. Некои тврдат дека се глупост додека другите веруваат дека има нешто повеќе.

5. Во Флорианополис во Бразил на снимка на улица од 2013 „Гугл“ замагли нешто што игледа како реклама. Сепак, со приближување до објектот, тоа наликува на лице од ноќните кошмари. Некои веруваат дека станува збор за Кабек Сатаник, глава на која има широко отворени очи и злобна насмевка.

4. Глетка од 2015 од француски Нанси открива балкон кој изгледа како да е фотографски изменет во обид да се прекрие нешто морничаво. На таа слика се наоѓа некој облик на деформирано суштество, а многумина мислат дека е вонземјанин.

3. во 2013 во Канада, „Гугл Мапс“ фати необична сенка, а набрзо темната сенка се повлека во густите шуми на Британска Колумбија. Ловците на „БигФут“ тврдат дека тоа е токму суштеството кое го бараат.

2. Во Ливерпул на снимките од 2014 се гледа наводно дух на девојче кое гледа од прозор од напуштен дом. Тој комплекс се отворил во 1874, а во 1954 бил претворен во болница за психички болни лица со криминални прекршоци. Од 1997 година тој простор е напуштен.

1. Во Италија на „Гугл Мапс“ е прикажана необична формација на облаци. Некои тврдат дека тоа е најава за Апокалипса, а слична работа се случила и во швајцарски Куартен. Некои тврдат дека тоа го прикажува ангелите кои ја чуваат земјата од демоните.

Related Articles