Овој руски ТВ водител избрка американски експерт од студио: Го навредувал загинатиот руски пилот (Видео)

 Breaking News

Овој руски ТВ водител избрка американски експерт од студио: Го навредувал загинатиот руски пилот (Видео)

Овој руски ТВ водител избрка американски експерт од студио: Го навредувал загинатиот руски пилот (Видео)
February 12
18:41 2018

Рускиот телевизиски водител Владимир Соловјов за време на дебатата во неговата емисија го замолил американскиот експерт Григориј Виников да го напушти студиото, бидејќи овој предизвикал бура реакции говорејќи за пилотот Роман Филипов, кој пред неколку дена загина во Сирија.

Винтиков за време на емитувањето на програмата критикувал зошто на пилотот на “Су-25” му е доделено звање “Херој на Русија”.

Тоа се случило кога вториот гостин во емисијата, претседателот на Комитетот на државната дума за образование, Вјачеслав Никонов, предложил минута молк во чест на загинатиот пилот.

Гостите во емисијата и телевизискиот водител веднаш реагирале на репликата на Виников.

“Во Русија се почитуваат мртвите, а посебно кога е во прашање херој”, рекол Соловјов и набрзо замолил гостинот да го напушти студиото.

Мајорот Роман Филипов загина на 3 февруари. Терористите го соборија неговиот авион “Су-25” преку подвижен ракетен систем. Филипов се катапултирал во областа под контрола на терористите, а потоа активирал граната.

Related Articles