Овие се десет женски ретро имиња кои сакаме да се вратат

 Breaking News

Овие се десет женски ретро имиња кои сакаме да се вратат

Овие се десет женски ретро имиња кои сакаме да се вратат
September 12
19:30 2017

Колку девојки со име Вера познавате? А Ружа или Љуба (Љубица)? Веројатно малку, бидејќи овие имиња кои некогаш беа многу чести, сега веќе не се популарни. А всушност станува збор за преубави женски имиња за кои може да размислуват денешните новопечени родители. Ова е листа на 10 традиционални ретро женски имиња кои би било убаво повторно да се во мода.

1.Руж(иц)а Името кралица на цвеќето одлично прилега за секоја девојка. Истовремено е нежно, романтнично, но и силно и остава впечаток.

2.Лидија Уште значи и „родена од Бога“, односно Лидија е првата христијанка во Макеоднија и во Европа која го примила христијанството од раката на апостол Павле.

3. Љуб(иц)а Женско име со старословенско потекло. Постојат толкувања дека е настанато од цвеќето љубичица, но многу е поверојатно дека настанало од глаголот сака (љуби).

4. Мира Постојат многу толкувања за ова име, но многу е веројатно дека настанало од зборот мир. Според латинските толкувања значи прекрасна.

5. Вер(иц)а Името може да се преведе и како „онаа која верува“ или „онаа која е верна“. Според латинското значење, името може да се преведе како „онаа која е вистинска“.

6. Елена Уште значи и светлина, сјајна.

7. Зор(иц)а Зора, делото од денот кога на хоризонтот се појавува слаба светлост, симболизира крај на ноќта и почеток на денот.

9. Нада Потекнува од именката надеж и уверува на позитивен исход на настаните и околносите во животот. Според грчката митологија, кога Пандора ја отворила кутијата и ги пуштила сите зла, останало само едно нешто, надежта.

 

10. Јасна Името настанало од придаваката која означува светло, јасно,. Ова ретро име во себе има многу оптимизам и шарм.

11. Весна Весна била божицата на пролетта, која носи убаво време и добрини.

Related Articles