Ова го има само во Македонија: Жена кандидат за градоначалник бара од граѓаните да не гласаат за неа

 Breaking News

September 27
15:46 2017

Верувале или не, и тоа го има во предизборната кампања. Кандидат за градоначалник ги повикува граѓаните да не гласаат за него. Чудна е таа ситуација кога ќе се кандидираш за некоја функција а не сакаш да ја добиеш. Таков е примерот со независната кандидатка за градоначалник на општина Дебарца, Јадранка Бибан.

Таа и на социјалните мрежи објави плакат на кој им порачува на граѓаните да не гласаат за неа. „Немој да гласаш за мене, се кандидирав само за да можам да ти кажам нешто важно за твоето здравје и твојот живот“ – пишува Бибан на социјалните мрежи.

Веројатно ова може да се нарече македонски политички феномен. Ако знаете сличен пример, а ние не сме го забележале, информирајте не, чисто за да не бидеме во заблуда, дека ова се случува само во Македонија.

Погледнете како изгледа визуелно тоа во продолжение:

И на фејсбук:

Related Articles