Ова е човекот кој уби 50 лица при напад на геј клуб во Орландо (ВИДЕО)

 Breaking News

Ова е човекот кој уби 50 лица при напад на геј клуб во Орландо (ВИДЕО)

June 13
18:33 2016

Најмалку 50 лица се убиени, а 53 се ранети во пукањата што се случија во клуб за хомосексуалци во Орландо, а помеѓу повредените е и еден полицаец.

Матен живеел во место 150 километри оддалечено од Орландо. Според првичните информации, неговите родители се со потекло од Авганистан. Тој во клубот неколку часа држел заложници, а потоа бил убиен во полициска акција.

Напаѓачот е идентификуван како 27-годишниот Омар Матен, а полицијата проверува дали е поврзан со некоја екстремистичка организација.

Пукањата и нападот во ноќниот клуб може да се третираат како „домашен терористички напад“, соопшти локалната полиција која истражува дали напаѓачот дејствувал сам.

Во меѓувреме, ФБИ соопшти дека е можно напаѓачот да имал склоност кон исламистички екстремизам.

 

Related Articles