Отишле во Ница за одмор од соништата, но за жал нивниот живот згасна на улиците
July 15
16:43
2016
Американецот Шон Копеленд (51) и неговиот син Броди (11) во Ница дошле на „одмор од соништата“, а нивниот живот згасна синоќа во терористичкиот напад.
– До сега слушнавте дека загинаа над 80 лица, а меѓу нив се мојот вујко и мојот братучед. Беа на Ница на одморот со мојата вујна и со уште двајца братучеди. Ова е многу тежок момент за моето семејство. Да се изгубат саканите е многу тешко, а да се изгубат на ваков трагичен начин и неочекуван е уште потешко. Благодарна сум на поддршката и за молитвите, напишала Хели Копеланд на Фејсбук.