Операцијата на малата Валерија помина успешно, родителите благодарни на сите: Бог ги слушна вашите и наши молитви

 Breaking News

November 30
16:34 2017

Малата Валерија Зафировска од Штип денеска беше оперирана во болницата во Турција.

По завршувањето на операцијата, нејзиниот татко на социјалните мрежи напиша:

-Народе, да сте живи и здрави. Бог ги слушна вашите и наши молитви.

Слава Боже! Валерија е ОК, будна без никакви компликации.

Бог да ве благослови сите! Бог е голем! Да сте живи и здрави сите што бевте со нас во најтешките моменти!

Бог да му даде среќа на професор доктор Мемет Озек.

Родителите претходно објавија фотографии од девојчето на кои се гледа дека е подготвена да влезе во операционата сала.

Малата Валерија ја дигна на нозе целата јавност кога нејзините родители упатија апел за донации за операција на тумор на мозокот на седумгодишната штипјанка. Јавноста, за кратко време помогна да се соберат неопходните средства и Валерија за неполн месец да замине на операција.

Related Articles