Од утре двосменско работење на шалтерите на МВР, царина, УЈП и градинките

 Breaking News

Од утре двосменско работење на шалтерите на МВР, царина, УЈП и градинките

Од утре двосменско работење на шалтерите на МВР, царина, УЈП и градинките
August 31
08:31 2017

Од утре почнува да се применува одлуката за распоред на работното време во органите на управата. Двосменското работење треба да се применува во службите на органите на државната управа што имаат непосреден контакт со странки при издавање на лични документи, дозволи и слична документација, информираат од Министерството за информатичко општество и администрација.

Ова значи дека од утре шалтерите во МВР за издавање лични карти и пасоши, Царинската управа, Управата за јавни приходи,  Управата за водење матични книги, во одделенијата за одбрана на региони со градови и општини во Министерството за одбрана ќе работат од 7:00 до 14:30 часот и од 14:00 до 21:30 часот, а ќе се работи и првата сабота од месецот, но само во една смена од 8:00 до 16:00 часот.

Од утре втора смена се воведува и во градинките, кои ќе згрижуваат деца до 21 часот и 30 минути. Работна ќе биде и секоја прва сабота од 8 до 16 часот. 

Related Articles