Од следната недела идат студени денови, драстична промена на времето

 Breaking News

Од следната недела идат студени денови, драстична промена на времето

Од следната недела идат студени денови, драстична промена на времето
November 24
08:39 2017

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и тивко. По одделни котлини со појава на магла, особено претпладне. 

Температурата ќе се движи од 10 до 18 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и тивко. По одделни котлини со појава на магла, особено претпладне. Температурата ќе достигне до 12 степени.

До сабота ќе се задржи стабилно и суво време, по котлините со појава на магла, особено во претпладневните часови.

Во недела попладне најпрво во западните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег. Во текот на ноќта кон понеделник врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. 

Врнежи од дожд и снег ќе има и во понеделник претпладне, а преку денот ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на температурите.

Related Articles