Од полноќ возиме поевтини горива: дизелот поевтин за два денари, бензинот за денар и половина

 Breaking News

Од полноќ возиме поевтини горива: дизелот поевтин за два денари, бензинот за денар и половина

Од полноќ возиме поевтини горива: дизелот поевтин за два денари, бензинот за денар и половина
August 08
12:24 2016

Малопродажните цени на бензините од полноќ се намалуваат за денар и пол, а на дизелот за два денара, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС 95 ќе изнесува 59,50 денари за литар, на Еуросупер БС 98 ќе биде 61,50 денари за литар, додека дизелот ќе се продава по 46 денари за литар.

Се намалува и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство и ќе изнесува 34,50 денари, а мазутот ќе чини 21,17 денари за килограм.

Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена изнесуваше 41,88 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот 55,68 денари.

Наредната корекција е закажана за 22 август.

Related Articles