Од денеска сите државни шалтери ќе работат до 21:30 часот
September 01
07:05
2017
Од денеска почнува да се применува одлуката за распоред на работното време во органите на управата. Двосменското работење треба да се применува во службите на органите на државната управа што имаат непосреден контакт со странки при издавање лични документи, дозволи и слична документација, информираат од Министерството за информатичко општество и администрација.
Ова значи дека од утре шалтерите во МВР за издавање лични карти и пасоши, Царинската управа, Управата за јавни приходи, Управата за водење матични книги, во одделенијата за одбрана на региони со градови и општини во Министерството за одбрана ќе работат од 7.30 до 21.30 часот.
Овие шалтери ќе работат и секоја прва сабота во месецот од 8 до 16 часот.