Очекувале близнаци, но на свет дошла Ленка која со својата должина ги запрепасти сите

 Breaking News

Очекувале близнаци, но на свет дошла Ленка која со својата должина ги запрепасти сите

Очекувале близнаци, но на свет дошла Ленка која со својата должина ги запрепасти сите
October 08
20:05 2017

Ленка Миљачиќ од Нова Пазова стана шампионка веднаш по доаѓањето на свет зошто се роди со должина од дури 65 сантиментри, и е заведена како една од најдолги бебиња родени воопшто во Србија. Младен Мијиќ (38) гордиот татко, вели дека тој и сопругата Јелена (29) очекувале близнаци зошто стомакот на мајката во текот на бременсота бил огромен.

Се изненадиле кога лекарот им соопштил дека во стомакот има само едно бебе кое се роди на 29 август во Земун. – Ниту сипругата ниту јас сме премногу високи, јас 188 см, а Јелена 183. Јас имам две сестри близначки, мојата сопруга е близначка, па се надевавме дека и ние ќе добиеме близнаци, но не изненади Ленка. Пријателите не веруваа кога им рековме колку долга се роди, не убедуваа дека погрешно сме слушнале, веројатно 56, а не 65.

Јас работам во Итната помош и кога и реков на една докторка колку е долго бебето, ни таа не веруваше па и ја покажав отпусната листа. Дури и за лекарите е тоа куриозитет, вели Младен. Месец дена по раѓањето Ленка напредува и сега е порасната до 67 сантимери и има 6 килограми.

 

Related Articles