Ново пукање во Скопје – Двајца мртви при вооружен напад во Кисела Вода, МВР на терен

 Breaking News

Ново пукање во Скопје – Двајца мртви при вооружен напад во Кисела Вода, МВР на терен

Ново пукање во Скопје – Двајца мртви при вооружен напад во Кисела Вода, МВР на терен
November 27
16:40 2017

Од МВР засега нема дополнителни информации, велат дека постои случај во Кисела Вода, но не ги откриваат деталите, објави порталот Република.

Истрели од огнено оружје повторно ги вознемирија скопјани, а улиците на главниот град повторно се натопени со крв.

Неофицијално, убиени се две лица при напад на менувачница во скопската населба Кисела Вода. Менувачницата се наоѓа на бул „Борис Трајковски“ спроти споменикот на Тодор Александров.

Од МВР засега нема дополнителни информации, велат дека постои случај во Кисела Вода, но не ги откриваат деталите.

-Екипи на терен вршат увид на случајот – кратко информираат од МВР.

Според информациите од теренот до кои дојде Република, среде бел ден двајца напаѓачи се обиделе да извршат разбојништво во менувачницата. Лицето во менувачницата одговорило и двајцата напаѓачи најверојатно се починати.

Безбедноста во главниот град последниве месеци е драматично нарушена и скоро секојдневно се бројат жртви по улиците.

Related Articles