Ново поскапување на нафтата

 Breaking News

Ново поскапување на нафтата

Ново поскапување на нафтата
November 23
12:58 2017

Продолжува растот на цената на суровата нафта на светските берзи. Северноморската нафта од типот брент, која и се увезува во Македонија поскапи за половина долар во текот на вчерашното тргување на берзата во Лондон и се тргуваше за 63,03 долари за барел.

Оваа цена е за околу еден долар повисока од онаа врз основа на која Регулаторната комисија за енергетика ги формираше цените минатата недела што остава простор во понеделник да има нова нагорна корекција на цените. пишува Пресс24.

Ројтерс јавува дека најголемиот извозник на нафта во светот, Саудиска Арабија побарала од ОПЕК да го продолжи договорот за намалено производство на енергенсот за уште 9 месеци.

Последниот договор на ОПЕК резултираше со скок на цената за околу 50% во период од една година.

Македонските возачи, поточно оние кои возат дизел гориво по Нова Година ќе плаќаат и 3,5 денари по литар повисока акциза.

Related Articles

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment