Новите мерки на Шилегов против загадувањето: Ако имате постар автомобил нема да смеете да го возите

 Breaking News

Новите мерки на Шилегов против загадувањето: Ако имате постар автомобил нема да смеете да го возите

Новите мерки на Шилегов против загадувањето: Ако имате постар автомобил нема да смеете да го возите
November 08
19:36 2017

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска по средбата со скопските градоначалници најави дека ќе се мапираат возилата и оние кои повеќе загадуваат нема да смета да се вклучуваат во сообраќајот во деловите од зимата кога Скопје ќе биде најзагадено.

Тоа значи дека ако имате постар автомобил кој повеќе загадува нема да смеете да го управувате во деновите кога е најзагадено.

Градот планира да направи база и да ги рангира сите автомобили и да ги подели во групи, па во зависност од нивото на загадување да се дозволува или забрани нивно учество во сообраќајот.

Тоа значи дека во периодите кога е многу загадено автомобили ќе можат да управуваат само побогатите граѓани кои имаат пари да купат автомобили со пониска емисија на загадување.

Според Шилегов ова е подобро решение од пар-непар.

Related Articles

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment