Нова бомба во Германија: бомбаш се разнел пред преполна сала во јужниот германски град Ансбах

 Breaking News

Нова бомба во Германија: бомбаш се разнел пред преполна сала во јужниот германски град Ансбах

Нова бомба во Германија: бомбаш се разнел пред преполна сала во јужниот германски град Ансбах
July 25
08:03 2016

Станува збор за 27 годишен сириски бегалец кој пристигнал во Германија пред две години. Нему пред една година му било одбиено барањето за азил, но му било дозволено да остане во земјата, што се покажа како фатално.

Полицијата во јужниот германски град Ансбах соопшти денеска дека загинал еден човек кога експлозивната направа за која се верува дека ја носел била активирана во близина на еден музички фестивал. Загинало најмалку едно лице, а 12 се повредени.

Напаѓачот се разнел откако не му бил дозволен влез на фестивалот, бидејќи немал билет.

Според познавачите, напаѓачот имал ментални болести и неколку пати бил хоспитализиран во локалната болница.

Повеќе детали се најавени за подоцна.

Related Articles