Нимиц: Новото име ќе стои и на пасошите

 Breaking News

Нимиц: Новото име ќе стои и на пасошите

Нимиц: Новото име ќе стои и на пасошите
February 05
13:30 2018

Во интервјуто за емисијата „360 степени“, медијаторот во спорот за името, Метју Нимиц зборуваше за опсегот на меѓународна употреба на евентуално договореното име.

Дали тоа име би стоело и на пасошите и на останатите документи за идентификација што се користат во меѓународната комуникација, пишува Република.

– Мислам дека пасошите се меѓународни документи, се уште не сме се посветиле на сите прашања, би рекол дека пасошите се меѓународни документи.

Ако има договор за модификација на името, тоа би било применливо на документи како пасошите, рече посредникот.

Related Articles