Неверојатни прогнози – На овие 5 места во 2018-та година може да започне војна!

 Breaking News

Неверојатни прогнози – На овие 5 места во 2018-та година може да започне војна!

Неверојатни прогнози – На овие 5 места во 2018-та година може да започне војна!
December 17
12:20 2017

Вашингтон – Светот станува опасно место, а дипломатската конфузија на администрацијата на Доналд Трамп донесе до создавање на неизвесност ширум светот во поглед на американските намери и способности, се проценува во најновото издание на магазинот „The National Interest“.

Светот е пред самиот влез во 2018-та година и 2017-та година помина без некои големи проблеми на големите сили. Во некои делови од светот имаше напнатост, но беше мала. Во другите, тешката ситуација стана уште понапната, проценуваат американците.

Во текстот на Роберт Фарли се проценува дека претстојат 5 кризи кои би можеле големите сили да ги донесат во војна во текот на 2018-та година и загрозени се Северна Кореја, Тајван, Украина, јужното крило на НАТО и Персискиот залив. Северна Кореја е најопасна во овој момент. Успехот на Пјонгјанг во развојот на балистичките ракети, комбиниран со дипломатското неискуство на администрацијата на Трамп создаде многу опасна ситуација. Северна Кореја со ракетните проби и нуклеарните тестови покажа дека нема да се предаде толку лесно.

САД одговори на дипломатските проблеми, така што дадоа спротиставени изјави во рок од неколку часови. Ситуацијата е комплицирана поради тоа што и Северна Кореја и САД имаат превентивни планови, а тоа е САД сака да ја уништи севернокорејската комуникација и инсталација пред ракетите да бидат лансирани додека Северна Кореја сака да избегне таква судбина. Ова би можело лесно да ги вовлече во војна и Јапонија и Кина.

Што се однесува до Тајван, се проценува дека негативните агресивни изјави на кинеските војници и дипломатски лидери навестуваат дека барем некој во Пекинг верува дека воената рамнотежа се променила во нивна корист.  Сепак, сите кинези не го мислат тоа и ситуацијата е опасна, па Кина ја зголеми воената активност во регионот.

САД на ова одговори смирено и ги осуди чекорите на Кина и најави голема продажба на оружје на Тајван. Администрацијата на Трамп сепак ги расипа дипломатските односи со својот збунувачки став за Северна Кореја кој вклучува и повик на Кна да ги засили санкциите кон Пјонгјанг.

Ситуацијата останува напната и во Украина, каде што владее прекин на огнот на истокот на земјата. Во Киев, бизарната сага со поранешниот претседател на Грузија, Михаил Сакашвили ја „разниша“ стабилноста на владата.

Војна може да започне на повеќе начини. Колапс на украинската влада, кој во теорија би бил корисен за Москва и тоа би можело да донесе до нестабилност и насилство. Силите на Москва би биле активирани, а Путин би имал шанса да го превземе поголемиот дел од Украина.

Кога станува збор за јужното крило на НАТО, односите помеѓу САД и Турција се скоро нарушени во минатата година додека на Анкара и Москва се подобрени. Се вели дека Турција, САД и Русија не ја гледаат војната како разумен начин на решение на новата дипломатска ситуација. Но Турција е силна земја и нејзиниот став влијае на случувањата во Сирија, Ирка, Иран, на Балканот и Кавказ.

Персискиот залив секогаш бил мотивна големите сили за војна. Додека граѓанската војна во Сирија оди кон крајот, вниманието се префрла на Иран и Саудиска Арабија. Ријад и понатаму секаде гледа вмешани раце на Техеран во некои проблеми. Иран, од своја страна, продолжува да го шири своето влијание во Ирак и Сирија.

Дали би можеле Ријад и Техеран да ја избегнат војната? Војната започнуваше во заливот и претходно без вклучување на остатокот на свеотт, но Ријад покажа подготвеност да изгради дипломатска и воена коалиција против Иран, а можеби во неа ќе го вклучи и Израел.

Што ќе се случува во 2018-та останува само времето да покаже и дали некоја од овие анализи на овој медиум ќе се остварат.

Related Articles