Не се 58 туку 52 нови случаи со коронавирусот, ова се градовите

 Breaking News

Не се 58 туку 52 нови случаи со коронавирусот, ова се градовите

Не се 58 туку 52 нови случаи со коронавирусот, ова се градовите
May 29
11:53 2020

Иако медиумите јавуаа за 58, сепак бројките од Министерство велат дека во последните 24 часа направени се 661 тестирање, а регистрирани се 52 нови случаи на коронавирус и тоа во градовите: Скопје-26, Куманово-6, Штип-7, Тетово-9, Струга-2, Велес-1, Кочани-1.

Како што информираат од министерството за здравство дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 30 оздравени пациенти во: Скопје-16, Тетово-10, Велес-1, Охрид-2, Кратово-1.

Вкупната бројка на коронавирусот дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2129, бројката на оздравени пациенти е 1516, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 487. Последната дистрибуција по градови е:

Скопје – 797, активни 240 Куманово – 448, активни 42 Дебар – 51, активни 0 Штип – 61, активни 26 Прилеп –211, активни 43 Тетово – 191, активни 69 Струга – 79, активни 11 Велес – 129, активни 30 Битола –28, активни 6 Охрид –23, активни 6 Кавадарци – 5, активни 0 Гостивар –22, активни 4 Гевгелија – 4, активни 0.

Струмица – 3, активни 1 Крива Паланка- 6, активни 0 Радовиш – 4, активни 0 Крушево – 3, активни 0 Кочани – 32, активни 1 Пробиштип – 2, активни 0 Кичево – 3, активни 1 Неготино -12, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија) Демир Хисар – 1, активни 0.

Македонски Брод – 2, активни 0 Пехчево- 3, активни 0 Делчево-1, активни 0 Валандово -1, активни 0 Виница – 3, активни 1 Кратово-2, активни 0 Берово-1, активни 0 Свети Николе-1, активни 1.

Вчерашниот нов позитивен случај евидентиран во Битола е жител на Кичево и соодветно е нотирано во денешниот извештај.

Направените 661 теста се преку: ИЈЗ –289, Авицена –39, Биотек -44, Филип Втори (Жан Митрев) –61, Систина со PCR метода -116 и МАНУ -112. Досега во земјата се направени вкупно 27684 тестирања на коронавирусот.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 124 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје Teтово, Велес, Куманово и Скопје, регистрирани се два позитивни случаи во градинка во Скопје и во Куманово.

На Клиниката за инфек тивни бол ести и ф ебрилни состојби во изминативе 24 примен е 1 пациент, хоспи тализирани се вкупно 43 пациенти. На кисло родна поддршка се 17, на механ ичка вентилација е 1 пациент.

Во ГОБ 8 септември примени се 6 нови, а вкупно хоспитализирани 28 пациенти. На респиратор се 6, a со пот ешка кли ничка слика се уште 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспит ализирани 6 пациенти, а на домашно лек ување се следат уште 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 11, а на домашно лекување се следат 11 пациенти. На ифект ивните одделенија во Велес, Куманово, Прилеп се хоспитали зирани 30 пациенти -по зитивни и сомн ителни на коронавирусот.

Related Articles