Нема загинати Македонци во синоќешниот хорор во Франција

 Breaking News

Нема загинати Македонци во синоќешниот хорор во Франција

Нема загинати Македонци во синоќешниот хорор во Франција
July 15
16:47 2016

Нема жртви и повредени меѓу Македонците кои живеат во градот Ница и соседниот Кан во терористичкиот напад што се случи синоќа во Ница, јави дописникот на МИА од Париз.

Неколку македонски државјани кои живеат на Азурниот брег, посебно во градот Ница и соседниот Кан, во телефонски разговори на дописникот на МИА му потврдија дека нема повредени и жртви меѓу нашите сограѓани.

Елена Голомеова, која работи и живее на речиси самото место на терористичкиот напад, исто како и другите соговорници, изјави дека нема наши граѓани меѓу жртвите и повредените.

Голомеова потврди дека Променад деза Англе е затворена и оти на улицата се уште се наоѓа белиот камион, околу кој има полициски екипи.

Македонските државјани ги информирале своите блиски дека се во добра здравствена состојба и оти се на сигурно.

Related Articles