Насмеаното момче Борче од Валандово почина и не го дочека лекувањето

 Breaking News

Насмеаното момче Борче од Валандово почина и не го дочека лекувањето

Насмеаното момче Борче од Валандово почина и не го дочека лекувањето
December 25
19:08 2017

Во недела, на 24- ти, на хуманитарен концерт кој ќе се одржи во Валандово, било планирано да се постават кутии за донации за него, но веста ги затекнала сите вклучени во настанот.

Младиот Борче Проданов од Валандово, за чие лекување изминатиов период се собираа донации од хумани граѓани и се одржаа голем број на добротворни настани, ја изгуби битката со болеста.

Веста за неговата смрт ја објавија негови пријатели и роднини на социјалните мрежи, јавува Фокус.

Пред само десеттина дена во МОБ во Скопје се одржа модна ревија на креаторот Мите Занов, на која се собираа потребните средства за лекувањето на Борче (23), чија дијагноза беше dystrophy musculorum progressive, односно болест која ѓи напаѓа клетките на мускулите, со што престанува нивната функција.

Во недела, на 24- ти, на хуманитарен концерт кој ќе се одржи во Валандово, било планирано да се постават кутии за донации за него, но веста ги затекнала сите вклучени во настанот.

Негови блиски изминатиов период во повеќе наврати апелираа до јавноста да донира, бидејќи им биле потребни 25.000 евра за лекување во странство.

Related Articles