Нареди зголемување на нуклеарниот потенцијал на земјата – Ким Џонг-ун не престанува со провокации

 Breaking News

Нареди зголемување на нуклеарниот потенцијал на земјата – Ким Џонг-ун не престанува со провокации

Нареди зголемување на нуклеарниот потенцијал на земјата – Ким Џонг-ун не престанува со провокации
September 10
09:58 2017

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун нареди да продолжат научните истражувања за зголемување на нуклеарниот потенцијал на земјата, објавија денеска севернокорејските медиуми. 

– Мораме да го унапредиме научниот развој, за да го зголемиме нуклеарниот потенцијал за самоодбрана, изјави Ким на приемот организиран за научниците кои работеа на хидрогенската бомба. 

Тој додаде дека шестата нуклеарна проба е „голема победа на корејскиот народ и доказ дека Северна Кореја е нуклеарна сила, која има интерконтинетална балистичка ракета со хидрогенско полнење“. Северна Кореја петтата нуклеарна проба ја изврши на 9. септември минатата година, а шестата пред една недела. 

Севернокорејските медиуми тврдат дека е тестирана хидрогенска бомба, која би можела да се лансира со ракета. Тоа предизвика осуда од меѓународната заедница и апели за нови санкции кон Пјонгјанг.

Related Articles