Над 1000 наставници и професори од цела Македонија остануваат на улица без својата работа

 Breaking News

Над 1000 наставници и професори од цела Македонија остануваат на улица без својата работа

Над 1000 наставници и професори од цела Македонија остануваат на улица без својата работа
January 24
17:44 2018

Повеќе од 1000 вработени во образованието изминативе два месеца остана без работа. Не им биле продолжени договорите, кои им биле на определено време, некои работеле две, други три или пет години како наставници, професори во училишта во повеќе градови во земјава, јавува Алфа ТВ.

Наместо трансформација на работниот однос на неопределено време, останале без работа вели претседател на самостоен синдикат за образование наука и култура, кој зад сево ова гледа политика. Односно дека Власта вработува свои кадри во образованието. Посочува дека зимскиот распуст бил искористен да бидат објавени конкурси за нови вработувања.

– Се работи по наша проценка за 1 000 луѓе кои по пат на завршување на договорот на одредено време им прекинува тој договор се распишува конкурс и на нивно место се примаат други работници кои немаат ниту еден ден работно искуство или пак имаат неколку месеци работно искуство. Меѓутоа проблем е што на овие луѓе на кои не им се продолжени договорите и не се примаат практично на конкурс, нема никакви забелешки на нивното работење.

Кога би имало некаква причина за несоодветен кадар, неквалитетен кадар, може да имаме разбирање од страна на директорот ако направил таква проценка. Очигледно се работи за нешто друго. Сменети се од локалната самоуправа, сменети се политиките на локално ниво, очигледно е дека се работи за она кој е на власт тој да си прима сопствен кадар, изјави Јаким Неделков, претседател на самостоен синдикат за образование наука и култура.

Најголем дел од наставниците кои останаа дома, не сакаат да зборуваат пред камера, оти се плашат. Неделков вели дека синдикатот ќе им пружи правна помош за да си ги остварат своите права.

– На сите членови на СОНК кои се нашле во ваква ситуација им нудиме бесплатна правна помош, застапување пред судовите се што она согласно статутот му следува на членот, додава Неделков.

Токму поради смената на одделенските наставници од второ одделение во целодневна настава во ООУ „Димитар Поп Георгиев – Беровски“ родителите поради незадоволство не ги пуштија децата на училиште на првиот работен ден од второто полугодие. Во училиштето на петмина наставници не им биле продолжени договорите.

Related Articles