МРАЧНИТЕ ТАЈНИ НА ЕМИНА ЈАХОВИЌ – Мојот син не сака да се сеќава на неа, ја избриша од својот живот!
Не е тајна дека Емина Јаховиќ пред бракот со популарниот турски пејач Мустафа Сандал, веќе имала уште еден брак. Таа се омажила на само 17 години за 3 години постариот Аладин Џуловиќ кој никогаш не сакаше да даде изјава.
Меѓутоа, неговиот татко, Рустем Џуловиќ бил подготвен да каже некои детали од овој брак.
„Семејството на Емина го познавам многу долго, со нејзината мајка Сенија одев во основно училиште во исто одделение. Бракот помеѓу мојот син и неа не беше договорен. Многу се сакаа. Во прв момент, не бев за тој брак, затоа што двајцата беа млади. Таа одеше во училиште кога се омажи за мојот син. Беше тоа голема свадба во Нови Пазар, се снимаше со камери, цел град славеше.“
„Се беше во најдобар ред додека Емина не посака да биде пејачка. Некако ја привлекуваше сцената, публиката и се што носи тој свет. Многу сакаше да биде популарна, но мислев дека ќе и помине. Тиедвајца живеаа со нас во куќата и Емина почна се повеќе да бара да го сними својот прв албум. И реков дека во мојата куќа не може да биде пејачка, туку семејна жена која ќе води сметка за куќата, децата и семејството. Не доаѓаше во предвид да влезе на сцената. Сепак, ние сме едно чесно семејство во овој град.“
„Ја гледам денес кога со семејството ќе дојде кај мајка и, вели дека многу успеала. Но да ви кажам, таа немаше голема убавина тогаш, имаше многу поубави девојки од неа. Изгледа дека сите кои заминуваат од нашата земја, постојано се менуваат.“
Џуловиќ не крие дека неговиот син не сака да слушне за Емина и дека тој брак го избришал како лошо минато.
„Не постои ниту една фотографија или снимка од таа свадба. По разводот, се избришавме и уништивме, затоа што тој не сакаше да се сеќаваме на тој период. Ако ми верувате, во семејството нема ниту една фотографија од нив.“