Мицкоски: Овој голем празник нека биде за сите нас уште еден силен поттик да живееме во мир и слога, со искрени души и чиста мисла

 Breaking News

Мицкоски: Овој голем празник нека биде за сите нас уште еден силен поттик да живееме во мир и слога, со искрени души и чиста мисла

Мицкоски: Овој голем празник нека биде за сите нас уште еден силен поттик да живееме во мир и слога, со искрени души и чиста мисла
January 19
10:32 2018

„Преку симболиката на чистината на водата и во спомен на крштевањето на Исус, овој голем празник нека биде за сите нас уште еден силен поттик да живееме во мир и слога, со искрени души и чиста мисла.

Нека е за многу години празникот Богојавление – Водици!

Небото се отвори !

Бог се јави !“ напиша Христијан Мицкоски на својата фејсбук страница.

Ваше Блаженство,

Денес, славејќи го Христовото крштевање и нашето духовно раѓање, дозволете ми во мое лично име и во име ВМРО-ДПМНЕ, Вам лично, на Вашето свештенство и монаштво, како и на сите православни верници во Република Македонија и во дијаспората, да Ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици.

Денешниот христијански празник претставува симбол на духовното раѓање и патот по кој треба да чекорат сите верници христијани. Со празникот Водици се продолжува негувањето на нашите традиции и се потврдува нашата верба и почитување на традиционалните вредности кои се дел од нашето општество.

Овој голем ден нека биде потсетник на христијанските вредности кои треба да ги почитуваме љубов, хуманост, добрина и проштевање. Нашата конечна цел треба да биде успешна Македонија, држава на среќни и задоволни граѓани, држава која се грижи за своите граѓани и која активно ќе ги решава проблемите на граѓаните. Наместо прогон, потребна е работа и проекти, наместо уназадување и економска стагнација, потребен е раст и напредок. Република Македонија мора да биде почитувана држава.

Радоста, среќата и бериќетот да надвладеат на овој ден и во текот на целата година. Македонија мора да оди напред.

Прославувајќи го овој голем празник, да се помолиме на Бога да ги освети нашите реки и езера, да ги благослови нашите граѓани и нашата држава, дарувајќи ни здравје, среќа и благодет.

Нека ни е честит и вековит големиот христијански празник!

БОГ СЕ ЈАВИ!

НАВИСТИНА СЕ ЈАВИ!

Со почит,

Христијан Мицкоски,

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Related Articles