МИСТЕРИОЗНА ШУМА КОЈА СЕЕ СТРАВ – Децата таму исчезнуваат без трага, а морничава е вистината откриена по многу години!

 Breaking News

МИСТЕРИОЗНА ШУМА КОЈА СЕЕ СТРАВ – Децата таму исчезнуваат без трага, а морничава е вистината откриена по многу години!

МИСТЕРИОЗНА ШУМА КОЈА СЕЕ СТРАВ – Децата таму исчезнуваат без трага, а морничава е вистината откриена по многу години!
December 06
13:38 2017

На овој свет постојат места кои кријат тајни и мрачни вистини. Многу нерешени мистерии оставаат неизбежни траги, кои и понатаму ги збунуваат големиот број на истражувачи.

Една од таквите локации е подрачјето на планината над градот Лос Анџелес во Калифорнија, во САД, кое било место на бизарни исчезнувања на деца.

Во јужна Калифорнија се наоѓаат планините Сан Габриел и Сиера Пелона, а блиску до урбаната џунгла во Лос Анџелес, лежи Националната шума Анџелес.

Националната шума Анџелес исто така е позната по случувањата кои со години се криеле низ овој природен сјај.

Во јули 1956-та година, 11-годишната Бренда Хауел од Северна Каролина го посетила Лос Анџелес да ја види својата сестра. Набрзо почнала да се дружи со некои деца од соседството, па утрото на 6-ти август 1956-та година, Бренда и Доналд со своите велосипеди отишле да играат блиску до Сан Габриел, а од тогаш никој ги нема видено

Имало масовна потрага, со заеднички сили на полицијата и морнарицата и 100-на волонтери кои ја барале дивината во потрага по било каков знак, но по неколку денови го нашле велосипедот на Бренда и јакната на Доналд. Неговиот велосипед бил пронајден во основното училиште Глендор, а еден од учениците го нашол во шумата кратко откако исчезнале. Не се најдени никакви докази.

Наредната година, во пролетта 1957-та година се случил уште едно исчезнување.

Доналд и Бренда биле само почеток

Елдон Боумен и неговиот зет Гордон Викс, заедно со своите деца пешачеле блиску до шумата Анџелес. Во еден момент од излетот, најстарото дете Томи истрчало напред и исчезнало, а од тогаш никој не го видел повеќе.

Семејството започнало да го бара со организирана потрага, но ниту хеликоптерите, ниту теренскиот персонал не успеале да најдат трага од него.

Два денови по исчезнувањето пристигнало морничаво писмо во кое се тврди дека момчето е сеуште живо во друштво на неидентификуван маж, но сепак детето никогаш не било пронајдено.

Следно дете кое исчезнало било 6-годишниот Брус Хауард Кремен и тоа додека бил на кампување со извидувачка група од 80 деца и возрасни. Малиот Брус исчезнал неколку часови откако се сместиле во националната шума Анџелес. Брус наводно пешачел со една возрасна личност околу 300 метри од логорот, кога се заморил, тие тргнале назад кон другите деца. Сепак, тој никогаш не стигнал таму. Започнала потрага по него, но никогаш го немаат пронајдено ова дете.

Наводно за се ова е откриен Едвардс кој бил злоупотребувач на деца и кој бил осуден за 3 убиства. Тој бил осуден на смрт, но извршил самоубиство на крајот на 1971-та година пред властите да го уапсат.

Related Articles