Меѓународна вселенска ИЗМАМА: Најголемиот проект на НАСА не постои!

 Breaking News

Меѓународна вселенска ИЗМАМА: Најголемиот проект на НАСА не постои!

Меѓународна вселенска ИЗМАМА: Најголемиот проект на НАСА не постои!
November 24
10:43 2017

Како што тврдеа некои од теоретичарите дека имало лажно слетување на Месечината, тие овој пат го проширија својот интерес и на останатите активности на НАСА, па тврдат дека вселенската агенција го лажира присуството на астронаути во вселената.

Еден теоретичар на заговор се обиде да го докаже тоа тврдење.

Скот Веринг објави голем број снимки во живо на својот вебсајт и покажа некои аномалии за кои тврди дека се вонземски летала.

„Ова видео е снимено во 2016-та година, но внимателно погледнете ја вратата и ќе видите дека оваа топка на вселенска станица е направена од непробоен пластичен материјал.“

„Вратата не е ниту воздушна, ниту вистинска топка.“

Видеата може да ги погледнете на неговиот профил.

Произведувачот на видео снимката наведува дека вселенската станица всушност не е навистина во вселената, туку дека тоа е измама.

Веринг тврди дека дека ден по објавувањето на деталите за оваа теорија, неговата страница била исклучена од Google.

„Ден по објавувањето на видеото, Google го забрани мојот сајт, па јасно е дека тие заедно работат со владата за да се спречи голем број тајни да станат јавни.“

Постојат, секако, многу докази дека оваа вселенска станица МСС се наоѓа во вселената. Нејзиниот пренос во живот направи неверојатни снимки на Земјата, како што се невремињата и Аурора Бореалис во спектакуларни детали.

Сепак, постојат некои кои не им веруваат на снимките на МСС и тврдат дека сето тоа е една голема измама.

Related Articles