Мажите откриваат кои се најодвратните женски навики што не можат да ги поднесат

 Breaking News

Мажите откриваат кои се најодвратните женски навики што не можат да ги поднесат

Мажите откриваат кои се најодвратните женски навики што не можат да ги поднесат
February 08
12:40 2018

Откако ќе помине срамежливата фаза на запознавање, полека почнуваме да се опуштаме пред партнерот. Но, кога опуштеноста ги преминува границите? Неколку мажи во долгогодишна врска откриваат кои се најодвратните навики на нивните партнерки што најмногу им пречеле…

Стиска мозолчиња на јавни места! На пример, седиме во ресторан, храната пристигнува, а таа зјапа во огледалото до нас и го истиснува гнојот од мозолчињата! Одвратно!“ – Милан, 29

„Мојата поранешна девојка секогаш ги замотуваше тампоните и влошките во тоалетна хартија и ги оставаше покрај тоалетната шолја или лавабото. Не ми е јасно зошто не можеше да ги фрли во корпата за отпадоци?!“ – Горан, 31

„Најодвратно ми беше кога гласно испушташе гасови.“ – Иван, 26

„Мојата поранешна девојка постојано ги грицкаше ноктите. Тоа отсекогаш ми било одвратно.“ – Димитар, 28

„Навистина го валкаше автомобилот! Оставаше внатре хартија, ѓубре, остатоци од храна… По некое време сето тоа почнуваше да мириса непријатно.“ – Петар, 24

„На лето оди боса каде што ќе стигне! Понекогаш, дури и кога сме во град ги соблекува сандалите и оди боса по кафулиња, продавници… Не ми е јасно како некој може да го прави тоа.“ – Бојан, 27

„Понекогаш не си ги мие рацете откако ќе изврши нужда.“ – Андреј, 30

Дали вашите партнери имаат некои одвратни навики? Што ви пречи најмногу? Напишете ни во коментари!

Related Articles