Магистер по право ужива во одгледување на 300 овци: Сакам да бидам свој газда!

 Breaking News

Магистер по право ужива во одгледување на 300 овци: Сакам да бидам свој газда!

Магистер по право ужива во одгледување на 300 овци: Сакам да бидам свој газда!
February 02
20:40 2018

Снежана Анокич Рогало е образован овчар во Хрватска. Таа е Магистер по право, зборува италијански и е професионален возач на А, Б, Ц и Д категорија. Сепак, со сопругот Дарко во последните неколку години се посветени на овците и својата фарма во Доброгошче, село со пет куќи и тринаесет жители, на десет километри од Чаглин.

“Јас можам да изберам каде да живеам и што ќе правам во животот. Сакам да уживам во природата и да бидам свој шеф”, вели Снежана.

Таа по завршувањето на војната како 19-годишно девојче доаѓа во Италија, додека семејството е во областа Ѓаково. Во годините кои следеле таа студира на Правниот факултет во Осиек, и се запознава со нејзиниот иден сопруг.

Во Доброгошче, Снежана и Дарко имаат 27 хектари земјиште на кои пасат 300 овци и јагниња. Немаат проблеми со продажбата. Таа денес својата иднина ја гледа на фармата, во која заедно со нејзиниот сопруг имаат план и да ја прошират.

“Работата на фармата е физички потешка од правната работа или во училницата, но мислам дека денес е тешко да се работи со луѓе. Тука и работното време може да се прилагоди, и јас особено уживам да бидам во природата. Се надевам дека на крајот ќе се вратат луѓето во селата и ќе бидеме во можност да вработиме и работници, вели Снежана за PrnjavorskiPortal.

Related Articles