КРАЛИЦАТА НА КОБРИТЕ: Чува 1000 змии и од нив прави вино кое го пие целото село (Видео)
December 10
17:02
2017
Жена кобра. Така ја нарекуваат Ху Ксиаокиа, жената која одгледува змии во својата фарма во Чунгкинг.
Со оваа работа започнала да се занимава од 2014 година, а од тогаш до денес има околу 1000 различни змии, меѓу кои има и кобри.
– Секое утро, прво им ја чистам собата, а потоа ја проверувам температурата и влажноста – објаснува жената.
Таа произведува и змиско вино, кое локалното население го користи како лековит пијалок.