Коѕиас: Скопје да каже каква придавка сака во сложеното име

 Breaking News

Коѕиас: Скопје да каже каква придавка сака во сложеното име

Коѕиас: Скопје да каже каква придавка сака во сложеното име
February 06
10:54 2018

„Грчката влада презеде одговорност јавно да објави дека сака промена на името, дека тоа име ќе биде комплексно и за сите употреби… ние излеговме јавно и рековме дека тоа име ќе го вклучува терминот ‘Македонија’“, изјави денеска Никос Коѕиас во интервју за Еуроњуз.

Ние ја завршивме нашата работа, вели Коѕиас и додава дека „сè уште очекувам Скопје јавно да излезе и да каже каква придавка ќе стои пред именката во тоа сложено име и да го соопшти тоа на нивното население”.

Но, тој е загрижен дека владата на Скопје не сторила доволно за да го подготви јавното мислење, за разлика од грчката влада која јавно презеде одговорноста околу прашањето за промена на името на ПЈРМ.

„Ние се подготвуваме, па дури и со тешкотиите што се поврзани со јавното мислење, но не гледам дека другата страна прави исти подготовки – и ова е причина за загриженост денес“ изјави за Еуроњуз, шефот на грчката дипломатија како што пренесува „То Вима“.

За митингот во Атина Коѕиас вели дека претставувал израз на демократска волја што ќе биде земена предвид, меѓутоа, тоа „не ја менува политиката на владата и одговорноста што што ја имаме за да се решат проблемите”, пишува Експрес.

Related Articles