Конгресмен Кинг: Македонците си ја сакаат својата земја назад

 Breaking News

Конгресмен Кинг: Македонците си ја сакаат својата земја назад

Конгресмен Кинг: Македонците си ја сакаат својата земја назад
November 22
23:50 2017

Американскиот конгресмен Стивен Кинг преку својот профил на „Твитер“ го поврза Џорџ Сорос со насилството во македонскиот парламент на 27 април.

„Стејт департментот на САД им додели 5 милиони долари на организациите на Џорџ Сорос во Македонија. Сорос ги употреби парите за превод на ‘Правила за радикалите’ на Сол Алински на македонски и ја дистрибуира книгата низ Македонија. Во парламентот се случи насилство. Многу Македонци си ја сакаат својата земја назад“, твитна републиканскиот конгресмен од Ајова.

Кинг на прелиминарните избори во Републиканска партија за кандидат за претседател на САД го поддржа Тед Круз, но откако Доналд Трамп ја доби номинацијата од републиканците цврсто застана зад актуелниот шеф на американската држава.

Related Articles

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment