КОЛУМНА НА ДАРКО ЈАНЕВСКИ: Како од ВМРО да земеш 50.000 евра!

 Breaking News

КОЛУМНА НА ДАРКО ЈАНЕВСКИ: Како од ВМРО да земеш 50.000 евра!

КОЛУМНА НА ДАРКО ЈАНЕВСКИ: Како од ВМРО да земеш 50.000 евра!
September 18
07:19 2016

Веројатно не сте чуле, но по Фатмир Бесими, ние повторно имаме вицепремиер задолжен за европски прашања. Се вика Арбр Адеми. Е тој Адеми, се сретнал во Брисел со Kристијан Даниелсон, кој е директор на директоријатот за директорување во Европската комисија, односно нешто за проширување на ЕУ кое нема да се случи и за некаква соседска политика која ја нема.

Двајцата соговорници, како што пренесува МИА, „констатирале… оти во претстојниот период потребно е да се вложат напори да се организираат демократски, кредибилни и инклузивни избори чии резултати ќе бидат широко прифатени“.

Значи, се сретнале двајца паднати од Марс и констатирале дека веќе не е битно само изборите да бидат како што треба, туку и дека резултатите треба да бидат општо прифатени од сите. Што, се разбира, нема да се случи. Оти Заев нема да ги прифати резултатите, освен ако така не му нареди чадорот, на кои по кој знае кој пат катастрофално ќе загуби. А Заев секако влегува во формулацијата „широко прифатени резултати“. Без него, резултатите се тесно прифатени.

Настрана што сега веќе, онака за мајтап, Тачи и Ахмети кога сакаат може да испијат кафе, да исчурат по некое марлборо и да кажат – и ние не ги прифаќаме резултатите. А ако Заев влегува во „широко“, овие двајца влегуваат во уште „пошироко“. Така што, ако некој мислел дека дури и се да биде под конец на 11 декември (ако воопшто има гласање) изборите не може да бидат прогласени за невалидни, се излажал. Само тогаш нема да ни кажат дека биле некредибилни или нешто слично, туку ќе ни кажат дека не биле инклузивни. Kолку да си играат играчка.

Инаку, не знам зошто се дигна толку врева за преписката на Нора Шаќири со Зоран Заев и за нејзиното вработување. СДСМ и Заев се познати како широки души. Само што Шаќири згрешила. Ако ~ било за работа, не морала да се јавува во СДСМ. Ете ~ го ВМРО, таму нема комуњар на кого не му завршиле работа. Еве, оној Тозија, го товареле со пари. Ваму 50.000 евра, таму уште нешто, па втор, па трет филм, хонарор за ова хонорар за она. Е сега, човекот малку се буни, ама тоа значи требало да му се даде повеќе. На што личи ова? Оти види вака. Вмровците се копуци. Тие можат и со 15.000 денари да тераат, не сите се разбира, тука не спаѓа брилијантин елитата, ама повеќето. Ама потоа некој мора да го крене просекот на плата за да се стигне до 22.000 денари. Kој би бил тој? Тој што е така научен, нормално. А тоа се комуњарчињата. За вмровецот се знае, има да седи во колиба, да пушта брада, да не се мие и да јаде леб и сол. И по некоја пиперка со парче кромид.

Така што, кој има ваков проблем, нека не го мачи Заев. Зошто на човекот да му товарат дека прави вакви работи. Ете го ВМРО, таму се задолжени ем да даваат на комуњарите, ем да ги пеналат дека прават партиска распределба. Од портир и чистачка, кои Заев ќе ги бркаше, до сите што со пари од своите на татковците во деведесеттите ги си ги присвоија фабриките.

Толку за тоа. Е, сега во согласност со методите за балансираност, кога веќе го споменуваме ВМРО, мора малку и СДСМ, нели? Инаку, ќе се лутат странциве, а ќе ни забележат и нашиве шарени, па после некои педерчиња ќе ја кодошат државава по светот.

А кога е СДСМ, тогаш тоа е Заев, кај кого во овие денови с` се сведува на две-три прашања: Таа бабата од Гостивар, која не можела да добие нега зашто не можела барањето да го испрати на албански јазик, не знае македонски? Или, како тоа Али Ахмети во „Швицарска“ научил „немачки“, ама во Македонија не може да научи македонски? И како тоа малото Македонче во прво одделение ќе биде способно да учи албански јазик, а малото Албанче, во прво одделение с` уште не е созреано да учи македонски јазик? Ќе му било товар. И од кога тоа соживотот подразбира дека јас некому мора цел живот да му тинтрам нешто, а тој цел живот да ми мрчи дека не му чини?

На крајот, нешто и за СЈО. Ако ВМРО го има под свое судството и обвинителството, ако Сашо Мијалков ги избирал судиите и обвинителите, дали тој ги има избрано и Kатица Јанева, Фатиме Фетаи и Ленче Ристовска? Чудно, како нема некоја снимка и за ова? Зашто, по цела година од СЈО, едно барем е јасно – вакви професионалки не можеле да бидат избрани на друг начин. Оти да изведеш обвинение со мотив дека на партијата ќе ~ се нарушеле бизнис-интересите, па затоа нарачала насилство на три прозорци при протестите пред Општина Центар, во исто време додека Заев и Шекеринска јавно се сликаат како го оштетуваат Министерството за правда, што не е насилство, туку борба за слобода, е прилично дегенерирана теза. Па затоа, ова за тоа кој фаќал врски овие три да станат обвинителки и не е така наивно прашање. Ех, да, и за уништувањето на документи во МВР. Била формирана комисија од 11 луѓе. Што веројатно е уникатен случај – да тврдиш дека некој да сака тајно да уништи документи кои кријат исто така некоја страшна, а незгодна за власта тајна, а за тоа да формира комисија од дузина луѓе, само по себе, дури и како идеја е глупаво. Не, пак, да тврдиш дека некој со искуство во работата на МВР, сакал тајно да уништува документи, а при тоа ангажирал во комисија луѓе колку што безмалку има и на плоштад Македонија. И ајде сега, со оваа логика спои го ова во обвинение. Не оди. Ама ете одело.

Related Articles