Кој е прв на листата за егзекуција? Ким и Северна Кореја имаат 16 мети во светот!
Освен пописот на мета, во извештајот се наведува дека Северна Кореја не поставила јасна информација за користењето на нуклеарните оружја во воени и цивилни мети.
Помеѓу метите на Ким Јонг Ун се голем број на американски градови, Белата куќа, но и Пентагон, стои во извештајот на Европскиот суд за меѓународни односи. Во текстот се наведува дека до пописот на мети дошло по анализата на информациите кои пристигнуваат од севернокорејски извори.
Иако САД најчесто се споменува како мета на Ким, ништо помалку не се загрозени Јапонија и Јужна Кореја.
Еве ја листата од 16 мети:
1. Американско тло- нуклеарен напад
2. Најголемите американски градови – нуклеарен напад
3. Менхетен – нуклеарен напад
4. Белата куќа – нуклеарен напад
5. Пентагон – нуклеарен напад
6. Американските бази на Пацификот – нуклеарен напад
7. Гуам, Хаваи – нуклеарен напад
8. Американски нуклеарен носач на авиони во Пацификот – нуклеарен напад
9. Делови од јужнокорејското копно – нуклеарен напад
10. Американските воени бази во Јужна Кореја – напад со непознато оружје
11. Јужнокорејски Пјонгтаек, Јунгвон, Дегу и Грејондае – напад со непознато оружје
12. Сеул – напад со непознато оружје
13. Владата и владини агенции во Јужна Кореја – напад со непознато оружје
14. Американски воени бази во Јапонија – нуклеарен напад
15. Воената база Јокосука, Мисава и Окинава во Јапонија – напад со непознато оружје
16. Јапонско копно – Токио, Осака, Јокохама, Нагаја, Киото – напад со непознато оружје