Класната: Преку АСЕАН до светски самит за човековите права!

 Breaking News

Класната: Преку АСЕАН до светски самит за човековите права!

Класната: Преку АСЕАН до светски самит за човековите права!
November 22
09:10 2017

Самитот на државите во Азија заврши. Домаќинот и претседавач Филипини, претставен преку претседателот Родриго Дутерте, од кредибилни индивидуи кои ја следат светската политика веќе е оценет како најдобар светски политичар кој блика со мудрост, креативност и со извонредна интелигенција. Во тоа овој пат многу му помогна гостинот на самитот, канадскиот премиер Трудо.

Момчето, инаку напуван аристократ и самобендистан глобалистички дегенерик дојде во Манила со предрасуда дека слетува меѓу дивјаци кои немаат абер за тоа што е цивилизација. Западна, нормално. Како најдолен простак, варвар, реши, иако само гостин, да му држи лекции за човекови права и слободи на домаќинот Дутерте.

Ги зеде во одбрана прекршените права на производителите и трговците со дрога. До процедурите му дошло!Заедно со едно чудо извикани божем невладини организации за одбрана на процедуралните права.

Но од пред неколку години светот увиде дека ваквите ,,авторитети,, всушност се алатки на американската и европската политика за вршење притисок, уцени, закани врз легитимните влади на државите.

Односно, дека таквите организации топтан со се спонзорите како Сорос, Гулен, Рокфелери и секакви главно западни влади и нивните тајни служби и организации, се најголемите прекршувачи на корпусот на човековите индивидуални и колкективни права. Посебно НАТО, ЕУ, ОБСЕ, ММФ…

Е, Дутерте, откако јавно и на лице место и пред грамаден аудиториум го намачка со лајна канадското напарфимирано прдле а медиумите ги направи јок, излезе со идеја која за еден ден ја претвори во инцијатива за одржување на светски самит за човековите права. Кратко, човекот рече дека многу политичари, божемни и самопрогласени арбитри и авторитети, измислени од западот, фактички не разликуваат што е човеково право а што прекршување на тоа право.

Во оваа категорија ја смести и ООН упатувајќи и укор пред исклучување за корумпираност. На пример, во случајот со борбата на Филипини со дрогапроизводителите и трговците со дрога, сите му се згнаа на Дутерте барајќи да му се суди трибуналски за злосторства против човештвото а ги зедоа во одбрана кршителите на човековото право на живот.

И тука почна ,,игранката,,. Филипинскиот претседател и сега веќе светски авторитет со морален интегритет идентичен со оној на Путин, констатираше дека западните авторитети всушност не разликуваат жртва од убиец и ги изложи светските медиуми и кобајаги НВО ,,авторитетите,, , на сончева светлост со прашањето зошто никогаш не побараа трибуналска правда за американските, британските и француските бомбашки потфати кои со децении паѓаат врз цивили во Азија и Африка?

Зошто толку жестоко ги бранат лиферантите на дрога а не жртвите на ова ,,стопанство,,. Или зошто не најдоа ништо загрозувачко за човековите права во големите фармацевтски конглоерати кои го прават човештвото зависно од секакви опијати.

Што правиме со ГМО производството? Претставникот на ,,малите кафеави човечиња,, ги повика политичарите, експертите, науката, правниците пред се, да му се приклучат во иницијативата за прв во низата самити кои ќе ги дефинираат човековите права недвосмислено јасно за да нема повеќе муватори од типот на канадското конте Трудо кое не разликува убиец од жртва и холивусдска пропаганда за добри рамбовци, муџахедини, исиловци и цијаши и лоши севернокорејци, кубанци, руси, кинези, сиријци…

Related Articles

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment