Класната: Клапчовци! Не сум сигурна дури дали воопшто се информирани за тоа која нуклеарка се случи во Њу Јорк!

 Breaking News

Класната: Клапчовци! Не сум сигурна дури дали воопшто се информирани за тоа која нуклеарка се случи во Њу Јорк!

Класната: Клапчовци! Не сум сигурна дури дали воопшто се информирани за тоа која нуклеарка се случи во Њу Јорк!
September 20
17:33 2017

Сполај ти боже што доживеав да рокне конструкцијата на светот што ја постави отчовечената евро-американска елита нарекувајќи ја глобална либерал-демокрратија а во суштина се работеше за фашистичка (тоталитарна) диктатура со намера да ги уништи човечките заедници (народи, нации, држави, семејства) и човештвото како вид бришејќи му ги биолошките карактеристики, менталните особености, насобраните искуства и нивното меморирање преку помнењето, јазикот, делата, традициите и културите. Доналд Трамп, мангупот, уличниот гангстер, антиполитичарот, нарцисот, на овогодишното годишно собрание на ООН во драматични 44 минути им го начука на,,светските лидери,, на двестотини држави од кои само одвај пет-шест се суверени, оти другите се во рангот на автономни колонии, демократски банана републики, закрепостени вазали, окупирани територии и пајтон контрактории. Другарот Доналд свет буквално го избриша подот со нив.

Им рече дека се мивки, корумпирани багабонди кои ги изневериле своите народи и нации, дека работеле за свои лични интереси и одработувале за туѓи интереси. Американски. Дека не направиле ништо добро за државите со кои раководеле не водејќи сметка за нивната иднина и просперитет. Им рече дека светот треба да биде организиран во држави. Не било какви, туку суверени држави на суверени народи уредени според волјата на нивните жители со сите одлики кои произлегуваат од историските искуства, културните и традициски специфичности. Им порача дека не треба да очекуваат некој друг со исти такви одлики да им ги оправа работите, да ги учи како да работат и што треба да прават. Ги гаѓаше во срце оние кои се залауфаа да ја прават велика Албанија. Уличарот од Квинс им порача дека повеќе нема правење и растурање држави и менување на граници. Можам да си замислам каква кошмарна ноќ поминаа и Еди Рама и Хашим Тачи и браќата му во Македонија.

Им го прекина мокриот сон во кој сексуален објект е Зоран Заев, и тоа пред ејакулација. Јебо те! Во живо му го крена во воздух политичкото наследство на црпнатиот Барак Обама, последниот самоименуван император на американската ,,ексепшенел,, империја. Добро, патем како и секој Американец кој учел и се воспитувал од Холивуд во говорот напати просеруваше империјални глупости шминкајќи ја срамнатаколонијално-окупаторска американска историја, но тоа е политички фолклор за домашна американска употреба. Главното е ова. Ги остави на бришано политичките пантличари, шкопеници, дудлачи и кумровачки, односно всашингтонско-бриселски курсисти. Ги употреби, ги фрли! Карма! Што да ви кажувам бе, нагло им го затвори чадорот на креатури како Веруш.

Ги направи за помалку од саат сирачиња, бездомници разно-разни пушинели, сашоордановци, фрчковци, тричковци, земјани како Најчевска, гуски како Шеќеринска, глисти-паразитлии како Црпко Заев. Ќе речете зошто? Па затоа бре што им нареди да го заборават се она на што во процесот на зомбизација и дресура преку ЦИА и други ,,демократски,, алатки на американската надворешна политика седумдесет години го беа научиле и практикувале ,,лидерите,, ширум светов. Падна догма ,,американа,,. Не е во политичка мода. Не е ИН. Од вчера ИН е старомодното семејство, патриотизмот, суверените држави, суверените народи и нации и националните интереси. Нема веќе политика на виткање раце за ексклузивните ,,ексепшенел потреби на САД. Има разговори, преговори, взаемно уважување.

Трамп прифати дека светот веќе не е униполарен и не е американска ексклузивна прчија. Фраери како Џес Бејли ќе се третираат како бофл роба која ја препродава на диво некој Дел бој. Сигурна сум дека Трамп нема до крај коректно да го спроведува тоа што јавно го зборуваше. По инерција уште се меша во сувереноста на другите оти и нему му треба време да се ресетира зошто е транзиционен политичар. Ама тој го направи првиот џиновски чекор за човештвото. Тоа се вика политичка оставина.

И мерачам од ќеиф. Оти си ги замислувам нашиве ,,грингоси,, од политичките партии кои до вчера ги спроведуваа до запирка сите американски и бриселски замолници, закани, уцени, директиви, глупости без да го рецкаат својот народ, интересите му и негови и на државата која ја добиваа на управување. Народот го множеа со нула кога гласно не го нарекуваа стока, стадо, говеда, глупава багра, отпишани, идиоти. Еј бре! Се оградуваа од народ, од суверен без кој тие се само обични паразити ушупчени во човечката канализациона мрежа. Си ги замислив ноќеска македонските претставници на естаблишментот.

Во државата, во општините, во партиите на власт и во опозиција. А сега што праиме бе другари и другарки? И на Бејли му се гледа крајот. Во која амбасада ќе одите сега по инструкции како да станете суверени во суверена држава. Кој ќе ви става знаменца на законите кога по вчерашниот ден и во ЕУ се отвори онаа проклета Пандора, па охрабрените Полјаци веднаш прашаа што ќе биде ЕУ? Надприродна парадржава на несуверени бирократи или заедница на суверени држави? Ако Германија и Франција продолжат со своите империјални проекции, Полска ќе и каже гуд бај на ,,единствената, безалтернативната опција! Уште не сум го слушнала мнението на стратешки дизајнираните македонски политички и експертски умови. Клапчовци! Не сум сигурна дури дали воопшто се информирани за тоа која нуклеарка се случи во Њу Јорк.

Нема кој да им јави, благодарение на помошта од УСАИД и СОРОС кои го окупираа медиумскиот простор. Пантличарата Црпко навистина за милисекунда од близу го ждракна Трамп и дури му допре рака, ама гревчево нема мозок за да разбере дека од близу го виде сопствениот џелат. Да не заборавиме, Црпко на време си ,,беше бил,, изјавил дека на СДСМ не му личи да биде патриотска партија. Што го докажа со тиранската и бугарската платформа ем договор. И за да не биде под нивото на антипатриотската агенда, кажа дека основна карактеритика на припадниците на таа партија е да ги немаат карактеристиките на човекот – рбетот.

За што самиот е прототип. Оние што транзитираа заедно со него во други видови и родови креирани во лабораторијата на Менгеле, бркајќи мода и пари, а се уште имаат две функционални мозочни келии, сега купуваат памперс пелени. Што вели Миленко, ги фаќа сајгонскиот синдром. Со таа разлика дека за мигрирање опција им се Северна Кореа, Сауди Арабија, Албанија, Бугарија, и, евентуално десен сектор Украина.

Што ли ќе прави, како ќе се шифта сега и ВМРО-ДПМНЕ која се самоперцепира за национална, ем македонска народна партија, а на неколкупати во тешки моменти актуелниот естаблишмент го остави народот на цедило. До толку се модернизираше што ги исфрли како политички некоректни од употеба токму зборовите кои Трамп ги посочи како новомодерни за 21-ви век: семејство, лојалност кон народот што те избира, пожртвуваност до смрт за интересот на колективитетот, државата, нацијата, сувереноста, националниот интерес.

Од кого ли ќе се оградува флексибилното раководство од утре? Како ли ќе пливаат сите заедно во брановитото море на мултиполарниот свет што почна да ги добива своите форми при излезот од хаосот? На кои ,,сериозни држави,, ќе ги потпираат политичките одлуки, самодоволни бирократчиња како Бонбона Шеќеринска, профитери како Љ.Георгиевски, Заев, Шилегов, Анѓушев и слични. Кои коридори ќе ги фатат бубачки како Катица Јанева? Што ќе прави со себе и политичкото наследство Ѓорѓе Иванов кој самиот се прогласи за Фикус во претседателски ваакум? Нема сега кој да му го пополни вакуумот. Му пропадна Кумровец за тренирање на малди лидери.

Исто ги чека и оние од Конрад Аденауер и од Бритиш кансл програмата. Новина за нив е дека не постојат курсеви за производство на патриоти, спремни да се жртвуваат себе си за својот народ и неговата држава. За тоа треба срце и чувство за солидарност. Од сите што денес се активни ѓоа политичари, ми се чини дека само маргиналецот од Карпош, Стевче Јакимовски има карактеристики на неколонизиран политичар со свое ,,Јас,,. Личи на Трамп.

Не е политички коректен во говорот, директен е, уличен маалски мангуп е, има и ,,гангстерски,, карактеристики кои подразбираат етика на чест, образ и лојалност и гадна навика да враќа кога се фајта со моќни, не е ,,баш до толку правно,, беспрекорен по негово јавно признание, ама е суверен човек со карактер и рбет и знаете што мисли кога говори. И што е најважно, не го остава гласачкото тело на цедило, односно, не се оградува од него за свој личен интерес. Со нетрпение ги чекам овие избори. За да ги видам патриотите на терен како предигра за големото финале.

Поздрав, Мирка за Дудинка.мк

Related Articles