Катица и Фатиме од СЈО казнети со 4.000 евра – Рочиштето за Центар прекинато поради навреди кон судијката

 Breaking News

Катица и Фатиме од СЈО казнети со 4.000 евра – Рочиштето за Центар прекинато поради навреди кон судијката

Катица и Фатиме од СЈО казнети со 4.000 евра – Рочиштето за Центар прекинато поради навреди кон судијката
February 22
10:49 2017

Не сум дошла да ве видам колку сте убава. Вие како судија немате елементарно познавање на правото, рече обвинителката Фатиме Фетаи, која тврдеше дека судијката Татјана Михајлова лажела во записникот од минатото рочиште.

Вкупно 4.000 евра казна добија специјалните обвинителки Катица Јанева и Фатиме Фетаи поради навреди на судијката во Кривичниот суд каде што денеска се одржа рочиште за насилствата во Општина Центар, а во кое осомничен е и поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Двете обвинителки цело време ја прекинуваа судијката Татјана Михајлова, упатуваа навреди лично кон неа, а на моменти имаа дофрлања и до обвинетите во судницата. Таквото однесување судијката не го толерираше и во четири наврати им изрече казни од по 1.000 евра. Меѓу другото, тие ја обвинија судијката дека лажела во записникот за минатото рочиште што се одржа во декември.

Обвинителката Јанева, пак, се жалеше дека не добивале збор кога ќе побараат.

– Вие не знаете да водите записник. Вие не ја заслужувате титулата судија, а не, пак, да сте в.д. претседател на Кривичниот суд – рече Јанева директно обраќајќи ѝ се на судијката Михајлова.

Тоа судијката го оцени како навреда кон нејзината позиција и веднаш ѝ изрече казна од 1.000 евра на Јанева.

Казна од 1.000 евра Јанева доби и откако им се обрати на дел од обвинетите што беа во судницата, целиот текст и фотографии пгледнете ги на Телеграф.

Related Articles